Иако наоѓањето балансиран внес на калории е важно за губење на тежината, јадењето редовни и хранливи оброци во текот на денот е исто така важно.Храната му ги обезбедува на телото сите потребни хранливи материи за преживување, а со консумирање само еден оброк дневно, телото се лишува од потребните хранливи материи. Покрај тоа, има и други негативни ефекти врз телото ако јадеме само еден оброк дневно.
Вообичаени последици се:
1. Прејадување
Јадењето еден оброк доведува до прејадување бидејќи телото одеднаш чувствува глад и копнее за енергија. Ограничувањето може да се претвори во прекумерен внес на калории во тој еден оброк, што го отежнува слабеењето, пишува Eat This.
2. Забавување на метаболизмот:
Еден оброк дневно го успорува метаболизмот, така што телото штеди енергија. Ова го отежнува слабеењето бидејќи метаболизмот е клучен за согорувањето на калориите.
3. Телото гладува
Вашето тело ќе мисли дека гладува и ќе се однесува така. Ќе го забави метаболизмот за да заштеди енергија за во иднина. Ова значи дека телото го складира внесот како маснотии наместо да го користи за енергија.
4. Последици по здравјето
Јадењето само еден оброк може да предизвика ниско ниво на шеќер во крвта, исцрпеност, прејадување, зголемување на телесната тежина, проблеми со срцето, губење на косата и чувствителност на студ.
5. Недостаток на хранливи материи:
Овој начин на исхрана често доведува до внесување на висококалорична храна која е сиромашна со хранливи материи. На телото му недостасуваат потребните хранливи материи.
Експертите советуваат да јадете неколку оброци во текот на денот за телото да ги добие сите потребни хранливи материи и да одржува здрав метаболизам.