Што сè испраќа Македонија како помош за настраданите од земјотресот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дваесет и четири припадници на армијата, 10 илјади ќебиња и 200 санитетски носила се испраќат за помош во Туркије. Од дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Министерството за финансии е задолжено до владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на буџетот на Македонија за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданитево катастрофалниот земјотрес.

Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности. На скопскиот плоштад е отворен пункт за донации за семејставата на настраданите во страотните земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија.

Граѓани, компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата кои останаа без домови. Пунктот ќе биде во фунцкија се додека е потребно, а скопјани масовно донираат согласно своите можности. Помош испраќаат и повеќе општини.

Share This Article