Background

Што сака генерацијата „Z“ од работното место?

Поради иселувањето, недостига не само нискоквалификувана работна сила, туку и висококвалификуван кадар, а по ковид-пандемијата висината на платата не е пресуден фактор за изборот на работното место, туку колку работното место овозможува баланс меѓу работата и приватниот живот, беше посочено на денешниот 5. Форум на добри компании што се одржува во Скопје.

Според извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски, во чија организација е денешниот форум, ова покажува дека во иднина треба да се посвети многу повеќе внимание на подобрување на условите што ги нуди работното место ако сакаме да ги задржиме младите на пазарот на труд.

– По ковид-пандемијата почна да се чувствува дека работниците веќе имаат поинакви очекувања и потреби. Ова како тренд почна во 2024 година кога на пазарот се вклучи генерација Z и тоа ни покажа дека значително влијание треба да се посвети на работната култура доколку сакаме овие лица да ги задржиме на пазарот на труд. Првпат, според истражувањата, платата не е највисоко рангирана за тоа какво работно место избираме, туку тоа е чувството на припадност на работното место, односно балансот меѓу приватниот и деловниот живот – изјави Илијевски пред почетокот на Форумот.

- Advertisement -
Ad image

Во земјите од Западен Балкан, како што посочува, платата уште е приоритет, но важен фактор станува и балансот меѓу работното место и приватниот живот односно колку работата се ефектуира врз приватниот живот.

И заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески е на сличен став дека иако платата е основен мотиватор при изборот на работното место, сепак не секогаш е пресуден.

– Секако еден од главните услови е и тоа работникот да е задоволен од условите на работното место во поглед на тоа заштита на работничките права, добриот однос на менаџерскиот систем кон вработените, можноста за унапредување… – посочува Ристески.

Според него, причините за одливот на мозоци се комплексни и се резултат на лошото владеење во изминатите децении. Она што треба да се направи, вели Ристески, е симбиоза меѓу креаторите на политики, граѓанскиот сектор и бизнисот.

Во земјава недостига кадар од занаетчиските струки и во овој дел, според заменик-министерот за економија, треба да се работи на дуалното образование, но недостигаат и висококвалификувани кадри од областа на техничките науки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation