Што покажува анкетата за изборните единици 1 и 5?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во Првата изборна единица, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје, која беше презентирана во синоќешната емисија „Објектив“ на МРТ 1.

Според анкетата, 20.6% се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 10,4% за СДСМ. За политичката партија ДУИ 6.7%, за Европскиот сојуз за промени (ЕСП) 4,3%, за Алијанса на Албанците 1,4%, за Левица 4,5%, за ЗНАМ 2.9%, за другапартија 1,8%, додека 16,8% се изјасниле дека нема да поддржат ниедна партија.

На прашањето дали ќе излезете на гласање доколку следната недела има парламентарни избори, 40,5% од испитаниците рекле дека сигурно ќе гласаат, наспроти 22,2% кои рекле дека нема шанси да гласаат. Веројатно ќе гласаат 10,9 отсто од испитаниците, веројатно нема да гласаат 8,7 отсто и не знаеле или немале одговор – 17,7 отсто од испитаниците.

За претстојните претседателски избори во Македонија во Првата изборна единица својот глас за претседателскиот кандидат од СДСМ би го дале 9,7%, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19.4%, за кандидатот на ДУИ 6,6%, за кандидатот на ЕСП 4,4%, а за кандидатот на АА 0.7%. Кандидатот на Левица ќе освои 4,3%, а кандидатот на движењето ЗНАМ 3,6%.

На прогностичкото прашањето „која партија ќе победи на парламентарните избори“, 28,4% се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 14,2% за СДСМ, 6,1% за ДУИ, 1,9% за коалицијата ЕПС , 2,5% за Алијанса на Албанците, 2,7% за Левица и 2% за ЗНАМ.

На прашањето, за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, во Петтата изборна единица опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСМ, но за разлика од првата изборна единица, предноста е помала. Така, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 19,8% од избирачите, за СДСМ 13,6%, за ДУИ 6,1%, за коалицијата ЕПС 2,1%, за Алијанса за Албанците 2,8%, за Левица 2,9% и за ЗНАМ – 2%.

Анкетата е спроведена телефонски, во првата изборна единица на 1.017 испитаници, а во петтата на 1.000 испитаници, во втората половина на јануари.

Share This Article