Што откриваат етикетите на овошјето – внимавајте на бројките

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најчесто на бананите, но често и на другите парчиња овошје, налепниците на кората се нешто што повеќето луѓе не го ни гледаат, туку инстинктивно го отстрануваат пред јадење. И да ги забележат, ретко кој знае што значат овие декларации.

Сепак, тие не се таму без причина, објаснуваат експертите. Покрај можното име на производителот, декларацијата треба да содржи и бројка што открива важни информации за начинот на одгледување на овошјето. Декларациите првенствено се однесуваат на овошје увезено од странство, а ова е значењето на тие бројки:

Налепница со четири броја
Во случајот со ова овошје, кое има декларација со четири броеви кои започнуваат со бројот 3 или 4, тоа значи дека се одгледувало со вештачки ѓубрива, односно според земјоделските правила кои важат во последните 50 години. Таков лимон, на пример, е означен со 4033, додека бананите се нумерирани со 4011.

Налепница со пет броеви
Ако овошјето нема четири броеви на него, туку пет – од кои првиот број е 9, тоа покажува дека плодот е од органско потекло. Таквата декларација е гаранција за одгледување без ѓубрива и пестициди. На пример, органски одгледаните банани го носат бројот 94011.

Првиот број на декларацијата е 8
Ова е можеби најважната декларација и претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава по пет броја, од кои првиот секогаш е ознаката 8. На пример, на таквите банани е означен бројот 84011, пишува 24sata. ч.

Share This Article