Еден детал од натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја го привлече посебното внимание на навивачите.
Бразил во осминафиналето на Мундијалот ја демолираше селекцијата на Азија со 4:1, а бидејќи немаше голема неизвесност, навивачите доста внимателно ги следеа сите детали.
Во еден момент Нејмар се подготвуваше да изведе слободен удар, кога Касемиро му пријде одзади и му стави нешто во носот. Англиските медиуми само наведоа дека тој ги изненадил сите гледачи со овој потег, додека дел од шпанските медиуми веќе почнаа да зборуваат дека се работи за недозволена супстанција и побараа од ФИФА да провери за што се работи.
Бразилските медиуми малку ја уверија јавноста пишувајќи дека нема ништо спорно и дека се работи за маст што обично се нанесува на градите за да се исчистат дишните патишта и да се олесни дишењето.