Емоционалното запоставување во детството во повеќето случаи може да има негативен ефект врз поединецот во зрелоста.
Како што објаснуваат психолозите, емоционалните искуства на детето можат да влијаат на неговите идни односи со другите луѓе.
Однесувањето на родителите и децата што доведува до занемарување може да се модифицираат и коригираат со рана интервенција.
Како да препознаете знаци на емоционално запоставување кај децата? Според Parenting for Brain, симптомите кои може да укажуваат на овој тип на занемарување го вклучуваат следново:
– несигурна шема на приврзаност на детето
– пасивни, повлечени и агресивни модели на однесување
– доцнење во развојот
– негативност при интеракција родител-дете и гнев кон родителот
– значително помалку позитивна социјална интеракција
– доцнење во развојот на говорот
– избегнување интеракција со други деца
– лоши односи со врсниците
– нарушувачко и импулсивно однесување, агресија, непријателство и противење
– ниска самодоверба
– срам, самообвинување и чувство на безвредност
– проблеми со вниманието
– проблеми во однесувањето
– симптоми на депресивно растројство и анксиозно растројство.
Иако секој од овие знаци не мора да значи дека кај детето има емоционално запоставување, експертите тврдат дека овие симптоми се најчестите показатели, пренесува Index.hr.