Во недела од 15 часот на „Енфилд“ во шестото коло од англиската Премиер лига ќе се сретнат Ливерпул и Вест Хем, а во пресрет на тој судир со храбра изјава даде напаѓачот на лондонскиот тим Мајкл Антонио.
Како гостин во подкаст, офанзивецот на Јамајка предвиде како ќе изгледа табелата на крајот од сезоната.
„Се избирам пред Ливерпул. Знаете што, навистина мислам дека ќе завршиме пред Ливерпул на табелата оваа сезона. Нека биде запишано“, изјави 33-годишниот Антонио.
По пет кола Вест Хем освои 10 бода, а Ливерпул е непоразен и има 13 бода.
Следен противник на Вест Хем пред дуелот со Ливерпул ќе биде екипата ТСЦ од Бачка Топола – вицешампион на Србија.