Што ќе донесат измените во Кривичниот законик

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со донесувањето на измените на Кривичниот законик ќе се овозможи застарување на 14 судски предмети во кои се обвинети над 80 лица, според проценките на Коалицијата „Сите за правично судење“, што ја објави денеска на Фејсбук, притоа напоменувајќи дека во оваа евиденција не се земени предвид случаите кои во моментов се наоѓаат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК).

Според Коалицијата, со измените кои беа донесени вчера, ќе застарат следните случаи: ТНТ, Талир, Талир 2, Трезор, Тарифа, Дизајн, Топлик, Титаник, Тендери, Титаник 2, Траекторија, Шпански скали, Таргет/Тврдина, Предмет за Стевчо Јакимовски.

Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан.

Во дел од наведените предмети целосно ќе прекине кривичниот прогон, во дел, пак, постапките ќе продолжат за преостанатите кривични дела, но во случај на осудителна пресуда казните ќе бидат помали.

Меѓу предметите кои целосно ќе застарат и ќе прекине кривичниот прогон, на пример, е случајот ТНТ што се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ во Гази Баба. Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бившиот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски и уште четири други лица. Сите се гонат за членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластувања по ставовите 3 и 5.

Ист е случајот и со предметот „Топлик“ за продажбата на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште. Јанакиески и таму е обвинет со уште пет други лица и сите се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања. Според обвинението, делото е сторено од 3 април 2007 до 18 февруари 2013 што значи дека апсолутна застареност според истите пресметки настапила во февруари 2023 година.

Застарувања на дела се очекува да има и во еден од најважниот случај што го отвори СЈО – „Таргет-Тврдина“ за масовното незаконско прислушување. Таму, бришењето на ставот 5 од членот за злоупотреба на службената положба и овластувања ќе ги тангира, на пример, ексминистерката Гордана Јанкуловска, како и Тони Јакимовски и Никола Бошкоски.

Во оваа група е и случајот за изградбата на автопатиштата познат како „Траекторија“. Јанакиески, заедно со поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и бившиот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања. Делото, според обвинението, во случајот е сторено во периодот од октомври 2012 до октомври 2013 што значи дека следниот месец ќе се навршат 10 години од последните дејствија што ги преземале обвинетите.

Измените предизвикаа бурни реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат високи функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи.

- Advertisement -
Ad image

Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија.

За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта. Во меѓувреме, Канцеларијата на ЕУ во Скопје проверува дали е злоупотребено европското знаменце.

Илустрација: Bing Image Creator

- Advertisement -
Ad image
Share This Article