Веќе подолго време нема нови официјални информации за здравствената состојба на српскиот селектор Синиша Михајловиќ, а неговиот пријател и новинар во Италија со кратка порака ја загрижи целата фудбалска јавност.
Клементе Мимун е италијански водител и новинар. Поради љубовта кон Лацио, Мимун со текот на годините се спријатели со Синиша Михајловиќ, кој дел од кариерата мина во тој клуб.
Мимун утрово шокираше голем број луѓе на социјалната мрежа Твитер, објавувајќи само два збора: „Форца Синиша“.
Објавата загрижи многумина, бидејќи се чинеше дека пораката сугерира дека здравствената состојба на тренерот на Болоња е влошена. Мимун и покрај бројните барања на социјалните мрежи не објасни зошто го објави тој твит, а наиде и на голем број осуди, некои поради неговата тајност, некои поради евентуалното обелоденување на здравствената состојба на фудбалскиот стручњак од Србија. .
Од друга страна, семејството Михајловиќ, разбирливо, не излегува во јавноста со неговата моментална здравствена состојба.
Михајловиќ веќе неколку години боледува од акутна миелоидна леукемија, која се јавува подоцна во животот, поточно по 50-тата година од животот.