Рускиот претседател Владимир Путин во среда најави делумна воена мобилизација.
Путин, кој и се обрати на нацијата во средата наутро, на почетокот на својот говор рече дека Западот „сака да ја уништи нашата земја“ и дека „се работи за одбрана на Русија и територијата на Донбас“.
Тој рече дека Русија го поддржува тоа население и нема право да го напушти и дека почнува делумна воена мобилизација.
Што е тоа?
Делумна воена мобилизација е термин кој се користи практично насекаде низ светот, но може да се разликува од земја до земја во некои аспекти.
Во случајот со Русија, исто како што рече Путин, делумната воена мобилизација значи дека резервистите ќе бидат повикани во армијата. И тој процес започнува веднаш, пренесува Индекс.