Што друго згрешиле членовите на Судскиот совет?

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување, стои во пресудата од Управен суд.

Во пресудата која се однесува на поништувањето на одлуката за разрешување на Дамева, која Управниот суд денеска ја објави анонимно, се вели дека оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот нашол дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката, како што наведуваат „содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“.

– Во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на Судски совет, по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет – велат од Управниот суд.

Оттаму  во пресудата посочуваат дека претседателот на Советот како член на Советот со право на глас има еднакви права и обврски со останатите членови, а со тоа и еднаква одговорност. Оттаму велат дека Советот одлучува за дисциплинска одговорност на член на Советот, а никаде не е наведено дека истиот има надлежност да одлучува за изгласување недоверба на претседател на Советот, ниту за разрешување само од функција претседател на Советот, без претходно спроведена постапка за утврдување на негова одговорност.

– Со член 8 став 4 од Законот за судски совет на Република Северна Македонија, е уредено дека претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со право на глас, а со член 41 од истиот закон е уредено дека членовите на Советот со право на глас во вршење на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските. Претседателот на Советот како член на Советот со право на глас има еднакви права и обврски со останатите членови, а со тоа и еднаква одговорност. Постапката за одговорност на член на Советот е уредена во член 34 и 35 од Законот за судски совет на Република Северна Македонија. Во член 35 став 5 од цитираниот закон е уреден и начин на постапување по барање за дисциплинска одговорност на претседателот на Советот, од што произлегува дека одредбите за одговорност на член на Советот се однесувааат и за претседателот на Советот. Од друга страна во член 36 од истиот закон е уредена и таксативно наведена надлежноста на Советот, во кој покрај другата надлежност, во алинеја 6 е наведено дека Советот одлучува за дисциплинска одговорност на член на Советот, а никаде не е наведено дека истиот има надлежност да одлучува за изгласување недоверба на претседател на Советот, ниту за разрешување само од функција претседател на Советот, без претходно спроведена постапка за утврдување на негова одговорност – појаснуваат оттаму.

Од Судот дополнуваат дека при повторното постапување, Судскиот совет треба да ги има предвид укажувањата дадени од Судот, па по спроведена законита постапка, во рамките на своите надлежности, со повикување на конкретни законски одредби да донесе образложена и законита Одлука.

Поранешната претседателка на Судски совет беше разрешена изминатата пролет, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.

- Advertisement -
Ad image

Судскиот совет во моментов, веќе три часа е на работен состанок на кој, како што беше најавено, ќе ја разгледа пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот.

По пресудата, како што информираа од Судскиот совет, треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Share This Article