Што друго нуди ЕК во Планот за раст на Западен Балкан?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сегашното темпо на приближување до економскиот просек на ЕУ е премногу бавно. Економиите на земјите од Западен Балкан се само 30 до 50% од просекот на ЕУ, оценува Европската комисија која на Унијата ѝ предложи Планот за економски раст на Западен Балкан за побрза интеграција во Унијата.

Во планот остварувањето на економскиот просек, односно економската поврзаност со европската економија на економиите од регионот  е еден од клучните аспекти на пристапувањето.

„Економската конвергенција е суштински елемент за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Во моментов брзината на зближување меѓу земјите од регионот и ЕУ и нејзиното ниво не е задоволително – ниту во економска, ниту во реформска смисла. Тоа го попречува нивниот напредок на патот кон ЕУ – се наведува во Планот.

Понудата, според ЕК, има за цел да донесе некои од економските придобивки во претпристапниот период за да изгради посилни, поотпорни економии и да обезбеди секојдневни економски придобивки за бизнисите, работниците и потрошувачите. Ова, пак, ќе има придобивки за целата ЕУ – интеграција на добро подготвени и економски посилни земји кои ги применуваат правилата и стандардите на ЕУ веќе пред нивното пристапување“, се наведува во Планот.

ЕК  смета дека Планот ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан  да ги забрзаат реформите и инвестициите со цел значително да се забрза брзината на процесот на проширување и растот на нивните економии.

Планот содржи четири столба:  единствениот пазар на ЕУ, регионалниот пазар, забрзување на реформите  и зголемување на финансиската помош за реформи.

Планот за раст предлага интеграција на земјите од Западен Балкан во 7 сектори на единствениот пазар на ЕУ и зголемено финансирање преку Фонд за реформи и раст кој ќе го сочинуваат грантови и поволни заеми во износ од 6 милијарди евра во периодот од 2024 до 2027 година. Од вкупниот фонд 2 милијарди ќе бидат во форма на грантови, а 4 милијарди евра во форма на поволни заеми. Грантовите треба да се обезбедат преку ревизија на тековниот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2028 година.

Според најавите од Комисијата, сумата од 6 милијарди евра начелно ќе биде распределена меѓу земјите од регионот, но ќе се троши флексибилно, што значи дека земјите кои побрзо напредуваат во реформите ќе можат да сметаат на пари кои „побавните“ земји не ги користат.

Интеграцијата во единствениот пазар е предвидена во областа на слободното движење на стоки, услуги и работници, единствена платежна зона, патен сообраќај, енергетски пазар, единствен дигитален пазар и преку интеграција во индустриски синџири на снабдување.

- Advertisement -
Ad image

Европската комисија предлага комплетирање на заедничкиот регионален пазар на Балканот заснован на правилата и стандардите на ЕУ, што потенцијално би можело да донесе 10% за  економиите од регионот.

Според планот, реформите во земјите кандидати се предуслов за подлабока интеграција на единствениот пазар и дополнителни средства од фондовите на ЕУ.

Секоја земја од регионот треба да претстави реформска агенда, чие исполнување ќе биде услов за исплата на нови средства од европскиот фонд за раст.

- Advertisement -
Ad image

Во образложението на планот, Европската комисија вели дека партнерите од Западен Балкан ќе мора одлучно да се ангажираат во планот за домашни реформи и во зајакнувањето на економската интеграција во регионот, за да ја искористат „понудата“ за раст.

„Останува на властите ефективно да комуницираат за планот за раст и неговата имплементација. Западен Балкан и ЕУ треба да ја искористат оваа можност за да го забрзаат напредокот на патот кон пристапувањето“, наведува Европската комисија.

Share This Article