Осите во зимските месеци се во хибернација, се будат во април, а во јули, август и септември се најактивни.Тоа значи дека никој не е безбеден ова лето! Се шегуваме, секако, но вистината е дека најголеми се шансите овој инсект да ве убоди периодов, пишува The Sun.
Зошто осите боцкаат?
Осите убодуваат кога се чувствуваат загрозени. Тоа е нивниот единствен начин да се одбранат од иманентниот напад. Како и во случајот со пчелите, само женките можат да убодат, но, за разлика од пчелите, тие се способни да ја нападнат жртвата неколку пати.
Експертите велат дека осите нема да убодат некого ако мируваат, а поголема е шансата да се искаса ако почувствува дека сте закана за нивното гнездо или се обидете да го избркате.
Убодите се полни со отрови, што ги прави луѓето болни, а некои од нив доживуваат алергиски реакции опасни по живот.
Што правиме кога ќе не убоди оса?
Доколку немате среќа да го избегнете овој непријатен настан, важно е што поскоро да го отстраните убодот со отровот. Може да се изгребе од кожата со работ на кредитна картичка, а ако ја немате при рака, можете да ги користите ноктите. Сепак, никогаш не треба да ги користите прстите или пинцетите бидејќи тоа може да предизвика ширење на отровот.
Откако ќе го отстраните убодот, треба:
Измијте го местото на пункција со сапун и вода;
Ставете мраз или ладна облога на местото на убодот и држете го најмногу 10 минути, за да го намалите отокот;
Избегнувајте гребење на раната за да го намалите ризикот од инфекција;
Не користете домашни лекови како оцет или сода бикарбона, бидејќи веројатно нема да помогнат.
Некои луѓе се алергични на убоди од оса, што може да доведе до анафилактичен шок, кој бара итен медицински преглед и третман.
Симптомите на анафилакса се:
Тежок оток;
Чешање;
Вртоглавица;
Гадење и повраќање;
Грчеви во стомакот;
Ненадеен пад на крвниот притисок.
Како да избегнете убод од оса?
Иако не можете целосно да го елиминирате ризикот од убод од оса, можете значително да го намалите ако се придржувате до следниве правила:
Избегнувајте да носите парфем или колонска вода, кои можат да привлечат оси;
Избегнувајте да носите облека со светли бои, која исто така привлекува оси;
Останете смирени ако оса се приближи или слета на вашето тело;
Не допирајте го осното гнездо и ако го видите немојте да се приближувате премногу до него.