More

    Штиви паднал во рацете на терористите бидејќи им помагал на луѓето да избегаат

    spot_img

    Еден од заложниците, што Хамас ги зеде од музичкиот фестивал „Супернова“ на 7 октомври минатата година, Идан Штиви, беше убиен за време на нападите и Хамас сè уште го чува неговото тело, соопшти форумот „Заложници и исчезнати семејства“, пренесува британски Гардијан.

    28-годишниот Штиви штотуку пристигнал на фестивалот кога започнал нападот.

    „На 7 октомври, Идан пристигна на фестивалот ‘Нова’ во раните утрински часови за да ги документира настапите и работилниците на неговите пријатели. Сепак, тој никогаш не успеа да влезе внатре. Кога започнал нападот, Идан им помогнал на две непознати лица, кои штотуку ги сретнал, да избегаат од локацијата. Овој несебичен избор на крајот довел до негово киднапирање“, соопшти форумот, составен од група роднини на киднапираните кои го водеа протестното движење и повикуваат на договор за прекин на огнот.

    Соопштението дојде откако Израел ја одбележа првата годишнина од нападот, предводен од Хамас на 7 октомври, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а околу 250 беа земени како заложници. Хамас сè уште држи околу 100 заложници во Газа, од кои една третина се верува дека се мртви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img