More

    Штипската болница се огласи за смртта на пациентката

    spot_img

    Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) денеска ќе испрати инспектор во штипската Клиничка болница за да ја испита смртта на 26-годишната родилка од Делчево, јави МИА.

    Клиничка болница-Штип во соопштение за овој случај наведува дека пациентката е примена на Одделот за гинекологија и акушерство на 26. декември годинава околу 10:20 часот, за породување.

    Десетина минути подоцна пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок. Веднаш е внесена во операциона сала, направено е итно породување со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника, а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи почнуваат операција за спас на пациентката. И покрај дадената крв и крвни деривати и операција, пациентката предоперативно, за време на операцијата и постоперативно е со тешка клиничка слика и хемодинамски нестабилна“, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

    Во него се посочува и дека поради тоа, конзилиумот од двајца анестезиолози, двајца гинеколози и четири хирурзи одлучуваат пациентката да биде префрлена на КАРИЛ – Скопје за понатамошен третман.

    Во текот на вчерашниот ден, Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања, ја разгледа документацијата за случајот и утврди дека нема пропусти во третманот на пациентката. Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази“, се вели во соопштението на Клиничка болница-Штип.

    Раководството на болницата изразува и најдлабоко сочувство до семејството на починатата пациентка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img