Полициски службеници од СВР Штип синоќа во 20 минути пред полноќ го привеле Е.А.(38) од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира МВР.