Во текот на вчерашниот ден во Скопје се регистрирани два физички напади врз полициски службеници. 20-годишен штипјанец физички нападнал полицаец на пасошка контрола на аеродромот во Скопје, а во друг инцидент двајца скопјани нападнале полициски службеници кои интевренирале по инцидент во сообраќајот на подрачјето на Карпош.
„На 13.2.2024 во 15.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје”, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Џ.(20) од Штип затоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Лицето било задржано во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
На 13.02.2024 во 07.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.К.(25) и Р.А.(25), двајцата од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Претходно, на подрачјето на Карпош, по недоразбирање во сообраќајот, тие со уште едно лице физички го нападнале А.К.(34) од Скопје. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информираат од МВР.