Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека понудил да ја посети Украина со други лидери на членки на ЕУ, но Киев му кажал дека негова посета е „непожелна“.
– Бев подготвен да го направам ова, но очигледно морам да кажам дека тоа не беше желба на Киев, изјави Штајнмаер за новинарите за време на посетата на Варшава.
Украинскиот дипломат за „Билд“ изјавил дека причината зошто Зеленски одбил да се сретне со Штајнмаер е фактот што Штајнмаер имал блиски односи со Русија.
Украинскиот амбасадор во Берлин Андриј Мелник во текот на викендот јасно стави до знаење дека Киев ја очекува посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц наместо претседателот Штајнмаер, чија функција е главно церемонијална.
Украина побара од Германија тешко оружје, вклучувајќи тенкови и артилерија, но тоа беше блокирано од Шолц, кој инсистира на заедничка акција на ЕУ.