Каталонски Спорт тврди дека Лионел Меси во следните неколку часа ќе одлучи во кој клуб ќе продолжи, а одлуката ќе ја соопшти за неколку дена.
Шпанците тврдат дека Меси има четири понуди. Саудиски Ал Хилал му го нуди најголемиот договор во историјата, а го посакуваат и Интер од Мајами, актуелниот ПСЖ и Барселона.
„Тој не сака неговиот трансфер во нов клуб да се претвори во сапуница. Сака да го реши што поскоро и на повидок е одлука“, пишуваат Каталонците и додаваат:
„Шансите во овој момент се следни: Ал Хилал 40 отсто, Интер Мајами 40 отсто, Барселона 15 отсто и ПСЖ со најмали шанси (5 отсто). Тој најмногу би сакал да се врати во Барселона, но тоа е и најлошата финансиска понуда“.