More

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да го прескокне УС Опен 2024

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да го прескокне УС Опен 2024.

    – Решив да не учествувам на УС Опен оваа година, иако имам неверојатни спомени од овој Грен слем. Ќе ги пропуштам овие жестоки и специјални вечерни натпревари на терените на „Артур Еш“. Мислам дека нема да можам да го покажам најдоброто од себе – информира Надал преку социјалните мрежи.

    Триесет и осумгодишниот Шпанец истакна дека неговиот следен турнир ќе биде Лејвер купот во Берлин.

    УС Опен ќе се игра од 26 август до 8 септември во Њујорк. Надал четири пати го освои трофејот – во 2010, 2013, 2017 и 2019 година. Вкупно има 22 победи на Грен слем турнирите.

    На Олимпијадата во Париз, Надал и Карлос Алкараз стигнаа до четвртфиналето на турнирот во двојки, каде шпанското дуо загуби од Американците Остин Крајичек и Ражив Рам (2:6, 4:6).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img