More

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска изгуби од Хуберт Хуркач и не успеа да го помине второто коло на мастерс турнирот во Рим

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска изгуби од Хуберт Хуркач и не успеа да го помине второто коло на мастерс турнирот во Рим. Полскиот тенисер Хуркач кој е на деветото место на АТП листата неочекувано лесно го победи Надал со убедливи 6:1 и 6:3 разлика.

    И покрај тоа што забележа неколку добри резултати последните недели, Шпанецот е далеку од посакуваната форма. Турнирот во Рим е последен пред вториот Гренд слем во сезоната, „Ролан Гарос“ каде Шпанецот е рекордер и заштитно лице на турнирот.

    – Одлуката дали ќе играм во Париз уште не сум ја донел, но ако морам да кажам нешто во моментов, поблиску сум да одам и да дадам сѐ од себе. Имам физички проблем, ама ако се чувствувам добро, би настапил. Има уште две недели, сѐ може да се промени во нив – рече Надал.

    Според резултатот со Хуркач, ова е најлош меч за Надал на земјена подлога во последните повеќе од 20 години. Шпанецот кој го има прекарот Крал на земјена подлога, само трет пат во кариерата загуби во меч на кој освои помалку од пет гема, а прв пат во последните 20 години.

    – Имам две опции. Морам да си признам самиот на себе дека не сум подготвен, дека не играм доволно добро и да не се појавам на Ролан Гарос. Втората опција е да се прифатам себеси каков што бев денеска, да продолжам да работам и да се надевам дека во следните две недели ќе бидам подобар – рече Надал по тешкиот пораз од Хуркач.

    Тој има рекордни 14 титули на „Ролан Гарос“, последната од нив освоена пред две години кога во финалето го растури Каспер Руд со 3-0.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img