Шпанскиот тенисер и 22-кратен грен слем шампион Рафаел Надал кажа што мисли за лидерот во светската ранг-листа, 36-годишниот Новак Ѓоковиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шпанскиот тенисер и 22-кратен грен слем шампион Рафаел Надал кажа што мисли за лидерот во светската ранг-листа, 36-годишниот Новак Ѓоковиќ.

Иако пред неколку месеци го даде најсрамното интервју во кариерата каде се обиде да ги минимизира успесите на Новак Ѓоковиќ, овој пат Рафаел Надал ја „сврте картата“ за една шпанска телевизија. Не знаеме што го натера да се предомисли, можеби фактот што полека се откажува и дека тешко дека на било кој начин ќе може да му одговори на Ѓоковиќ на теренот, но интересно беше да се слушне признанието кое сигурно ќе воодушеви навивачите на српскиот ас.

– Фрустрацијата продолжува во тој момент, Новак го крши рекетот и потоа е подготвен да игра на 100 проценти и поради сето она што го има направено најмногу во историјата на нашиот спорт“, ја започна својата изјава Рафаел Надал и кога го вметна „Новак Ѓоковиќ во реченицата, водителката не можеше да се вразуми – трипати го замоли да потврди

В: Дали е најдобриот досега?

Н: Бројките кажуваат така.

В: Дали е најдобро и за тебе?

Н: Да и за мене, тоа што го видов.

В: Вклучувајќи те тебе и Роџер Федерер?

Н: Да, немам проблем, никогаш не сум имал его да кажам работи што не ги чувствувам. Можеме да кажеме дека бев повреден и дека пропуштив многу Грен слемови, но тој не. Имаше подобро тело од мене, и тоа се брои. Мислам дека Новак е добра личност. Кога ќе го видам неговиот успех, не сакам да се налутам – изјави Надал за „La Sexta“.

- Advertisement -
Ad image

Претходно Надал се повлече од турнирот во Доха, каде што требаше да настапи за прв пат откако се повреди на стартот од сезоната во Австралија.

Шпанецот додаде дека ќе се обиде да се подготви за учество на турнирот од серијата Мастерс во Индијан Велс (САД), кој ќе се одржи од 4 до 17 март.

Share This Article