More

    Шпанскиот репрезентативец среде евро најави повлекување и трансфер

    spot_img

    Фудбалерот на Атлетико и капитен на шпанската репрезентација, Алваро Мората, најави можност до крајот на летниот преоден рок да го напушти мадридскиот клуб.

    Мората (31) е член на Атлетико од 2019 година, а од 2020 до 2022 година играше како позајмен во Јувентус. Покрај за Атлетико и Јувентус, играше и за Челзи и Реал.

    „Ништо не е невозможно во фудбалот. Би сакал да останам, но тешко ми е бидејќи сум мета на критики во Шпанија“, изјави Мората, пренесуваат шпанските медиуми.

    Мората со селекцијата на Шпанија избори пласман во полуфиналето на Европското првенство во Германија. Црвената фурија во вторник во полуфиналето на Европското првенство ќе игра против Франција.

    „Сакам да го завршам еврото на најдобар можен начин. Би можел да се збогувам со репрезентацијата по ЕП. Тоа е можност, но сега не би зборувал премногу за тоа“, додаде капитенот на шпанската репрезентација.

    Мората на Еврото во Германија одигра пет натпревари за шпанската репрезентација и постигна еден гол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img