More

    Шпанскиот фудбалер, 24-годишниот Пако Навал, во саботата беше избоден до смрт од 20-годишно момче кое го признал убиството

    spot_img

    Шпанскиот фудбалер, 24-годишниот Пако Навал, во саботата беше избоден до смрт од 20-годишно момче кое го признал убиството, а на полицијата ѝ рекол дека сакал да дознае како е да избоде некого.

    Таткото на убиецот го затекнал својот син како во домот го чисти крвавиот нож и откако дознал што направил, веднаш го однел во полиција.

    Откако фудбаудбалерот бил избоден во пределот на градите итно бил пренесен во локалната болница, но поради тежината на повредите, тој итно со хеликоптер бил префрлен во Кадис, каде што лекарите се бореле за неговиот живот. Сепак, Навал ноќта меѓу саботата и неделата ја загуби битката со живот.
    „Не знаеме со кои зборови да започнеме. Сево ова делува како ноќна мора, но, за жал, е вистина. Нашиот фудбалер Пако Навал Перес нè напушти. Почина вчера борејќи се до последен момент. Пако имаше само 24 години и животот беше пред него. Почивај во мир“, објави на социјалните мрежи неговиот тим Чипиона, кој се натпреварува во втората лига на Андалузија.

    Реал Мадрид се огласи на социјалните мрежи по смртта на Перез.

    „Реал Мадрид длабоко жали за смртта на Пако Навал, фудбалерот на Чипиона. Изразуваме сочувство до неговото семејство, клубот, соиграчите и најблиските. Нека почива во мир“, објави мадридскиот клуб на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img