More

    Шпанскиот актер Габриел Гевара бил уапсен од полицијата во текот на Филмскиот фестивал во Венеција поради наводен сексуален напад во Франција

    spot_img

    Шпанскиот актер Габриел Гевара (22) биЛ уапсен од полицијата во текот на Филмскиот фестивал во Венеција поради наводен сексуален напад во Франција, пишува „Индепендент“.

     

    Гевара, најпознат по улогата во шпанската романтична драма „Culpa mia“ од 2023 година, беше уапсен од италијанската полиција во саботата. Ден претходно требаше да ја добие наградата за најдобар млад актер што ја доделува „Филминг Итали“. Француските власти по него распишале меѓународна потерница. Тој во моментот е во притвор во Италија, а венецијанскиот суд ќе одлучува за неговиот случај пред постапката за екстрадиција.

     

    Откако дозна за апсењето, „Филминг Итали“ ја откажа наградата „поради превентивни мерки“. Барем додека не се расчисти случајот. Како што истакнаа организаторите, групата не е поврзана со никакви активности или продукции со главниот Филмски фестивал во Венеција.

     

    Актерот е роден во Мадрид. Кариерата ја започна како модел, а дебитираше во шпанската верзија на норвешката тинејџерска драма „Skam“. Тој глумеше и во сериите „You’re Nothing Special“ и „Cómo mandarlo todo a la mierda“. Најголемата слава ја постигна со колешката Никол Валас (21), во „Culpa mia“, адаптација на приказната „Wattpad“, која е планирана како трилогија. Тој требаше да ја има главната улога и во претстојните два филма.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img