Шпанските новинари веќе не можат да се чудат на енергијата на познатиот хрватски фудбалер.
Фудбалерите на Реал Мадрид се на подготовки во САД, а во пријателски натпревар го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:0. Повторно Лука Модриќ, според мислењето на шпанските новинари, беше иницијатор за добра игра.
AS гледаше вака: Модриќ, Чоамени, Камавинга и Белингем, распоредени во ромб 4-4-2 создаваат пекол за противникот од украдени топки и контра напади. Лука уште еднаш ја задржа таа рамнотежа.
Во меч полн со ѕвезди во славниот период, хрватскиот ветеран, кој за месец и половина ќе наполни 38 години, создаде најмногу шанси на натпреварот – четири.
Лука изгледа ужива и се уште не размислува за пензија, туку за игра на највисоко ниво. По натпреварот тој топло се прости од својот поранешен соиграч Касемиро, кој сега го носи дресот на Јунајтед.