More

    Шпанската полиција заплени еден тон кокаин

    spot_img

    Шпанската национална полиција во заедничка акција со царинските службеници во јужното пристаниште Алгесирас заплени речиси еден тон кокаин скриен во контејнери доставени од Јужна Америка, а дрогата припаѓала на балканскиот картел, објави полицијата на својата веб-страница.

    „Балканскиот картел во моментов е најактивен на европско ниво“, се наведува во соопштението.

    Се додава дека безбедносните структури на Шпанија имале информации дека групата наречена „Балкански картел“, која ја сочинуваат криминалци од територијата на поранешна Југославија, доставувала дрога до пристаништето Алгесирас.

    Агентите од Колумбија добиле предупредување дека брод од Еквадор, кој се закотвува во Колумбија, има намера да транспортира кокаин до пристаниште во Шпанија.

    Агентите го идентификувале бројот на бродот, а кога тој запловил во Алгесирас, истражителите ги отвориле контејнерите и пронашле 415 килограми од дрогата. Врз основа на новите информации дознале дека во Алгесирас пристигнува уште еден контејнер со дрога, па во него пронашле дополнителни 500 килограми кокаин, се наведува во соопштението, пренесува Хина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img