Шпанската полиција, Интерпол и Европол открија криминална организација која на необичен начин ги измамила обложувалниците.
Низа сомнителни онлајн обложувања беа забележани во 2020 година, а тоа беше причина да се отвори истрага која подоцна донесе шокантни резултати.
Утврдено е дека во Шпанија е формирана криминална мрежа составена од државјани на Бугарија и Романија, а познат е и начинот на кој тие незаконски заработувале.
Имено, тие нашле начин да ја користат технологијата, односно сателитите, преку кои во живо следеле разни спортски натпревари. Со ова можеле да го видат резултатот и што ќе се случи пред букмејкерите да го регистрираат.
Имаа готови листови, па лесно можеле да вршат сигурни и големи плаќања преку Интернет.
Тие така направиле низа измами, оствариле сериозни добивки, но не мислеле дека ќе им бидат сомнителни на обложувалниците, а потоа и на полицијата.
Откриено е и дека лидерот на организацијата, поранешен бугарски пинг-понг играч, поткупил некои фудбалери кои настапувале за романски фудбалски клубови.
Европол наведува дека членовите на оваа група најчесто се обложуваат на натпревари во азиските и јужноамериканските фудбалски лиги, како и во Бундеслигата. Се сомнева дека добивале пари на Лигата на нации на УЕФА, Светското првенство во Катар, како и на АТП и ИТФ тениските турнири.
За уплатите користеле лажни имиња, а за да ги обезбедат, платиле сериозни пари на сопственик на голема обложувалница.
Во полициската акција уапсени се 23 лица, претресени се четири куќи, две се одземени, како и три луксузни возила, два сателити, уред за заглавување сигнали, 47 банкарски сметки, 80 мобилни телефони.
Се наведува и дека организацијата била поврзана со други криминални групи низ Европа, а особено се истражувало местењето фудбалски натпревари во Романија, каде што била најактивна криминалната мрежа. Целата операција траела неколку месеци, а на почетокот на септември лидерот, односно поранешниот бугарски репрезентативец во пинг-понг, беше екстрадиран во Шпанија.
Дел од групата сè уште е во бегство, а истрагата не е затворена бидејќи полицијата се обидува да ги идентификува корумпираните спортисти кои се вмешани во целата приказна.