ШПАНИЈА ПРОГЛАСИ ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ Најмалку 95 мртви во страшната поплава, бројката може драматично да се зголеми

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A river flows under a partially collapsed bridge affected by torrential rains that caused flooding in the town of Carlet, Valencia region, Spain, October 30, 2024. REUTERS/Eva Manez

Најмалку 95 луѓе загинаа во големата поплава од дожд што ја зафатија Шпанија, што ја прави една од најголемите природни катастрофи што ја погодиле земјата.

Службите за итни случаи во источниот регион на Валенсија ја потврдија смртта на 92 лица. Уште две жртви биле пријавени во соседниот регион Кастиља Ла Манча, додека уште еден смртен случај бил пријавен во Андалузија.

Бројот на загинати најверојатно драматично ќе се зголеми, бидејќи другите региони допрва треба да пријават жртви и да продолжат да ги пребаруваат тешко достапните области.

Невремето со дожд кое почна вчера продолжи и денеска, предизвикувајќи поплави низ јужна и источна Шпанија, од Малага до Валенсија. Полицијата и службите за итни случаи користеа хеликоптери, за да ги спасат луѓето од нивните домови и гумени чамци, за да стигнат до возачите заглавени во автомобили.

Во погодените области се распоредени спасувачи и повеќе од 1.100 војници од единиците за итни случаи на Шпанија. Шпанската влада формираше кризен штаб, за да ги координира спасувачките напори.

Шпанската влада од утре прогласи тридневна жалост.

Шпанија доживеа слични есенски бури во последните години, но, ништо не беше ни блиску до пустошот во последните два дена.

Share This Article