More

    Шпанија, Норвешка и Ирска формално ја признаа Палестина

    spot_img

    Шпанија, Норвешка и Ирска денеска официјално ја признаа државата Палестина и покрај ставот на Израел кој ја осуди оваа намера, пишува Ал Џезира.

    Владината портпаролка Пилар Алегрија рече дека владата „усвои важна одлука за признавање на палестинската држава“, која имаше „една цел: да им помогне на Израелците и Палестинците да постигнат мир“.

    Ирската влада исто така објави дека ја признала Палестина.

    „Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала“, се вели во соопштението.

    Се додава дека во Државата Палестина ќе биде формирана ирска амбасада и ќе биде назначен амбасадор.

    АФП пренесува дека норвешката влада и формално ја признала палестинската држава.

    „Норвешка е еден од најверните бранители на палестинската држава повеќе од 30 години“, изјави норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img