Шпанија има намера да испрати четири до шест тенкови „Леопард 2А4“ во Украина, пишува мадридскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на именувани владини извори.
Бројот на тенкови ќе зависи од нивната состојба во складиштето и од тоа колку други земји испраќаат оклопни возила за да и помогнат на Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека неговата влада очекува да добие 120 до 140 тенкови од 12 западни земји во првата пратка, според Ројтерс.
Станува збор за тенкови „Леопард 2“ од германско производство, британски „Челинџер 2“ и американски „Абрамс“, а Киев „навистина смета“ на француските тенкови Леклерк, рече Кулеба.