More

    Шпанија им плаќа на земјоделците 1,4 милијарди евра да не работат за да го спасат националниот парк

    spot_img

    Националните и регионалните власти во Шпанија потпишаа договор за инвестирање 1,4 милијарди евра во областа околу Националниот парк Доњана за да се спречи неговото сушење со пумпање вода за наводнување.

    Националниот парк, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО, е дом на диви коњи, царски орли, рисови, желки и милиони птици преселници кои мигрираат од Африка во Северна Европа.

    Еколозите веќе подолго време предупредуваат дека екосистемот на паркот е загрозен од земјоделството и туризмот, а состојбата е влошена од климатските промени и долгата суша, заедно со рекордно високите температури.

    Претседателот на регионот Андалузија, Хуан Морено, рече дека на земјоделците ќе им биде исплатено да престанат да ја обработуваат земјата во близина на Доњана, туку да ја пошумуваат.

    Земјоделците кои сакаат да продолжат да ја обработуваат земјата ќе им биде дозволено, но ќе мора да се префрлат на еколошки методи за одгледување на култури прилагодени на суво.

    Во договорот, Андалузија се обврза да го откаже проширувањето на наводнувањето кај Доњана, што претходно беше критикувано од УНЕСКО, Владата на Шпанија и еколозите.

    Министерката за еколошка транзиција Тереза ​​Рибера изјави дека целта е земјоделците да престанат да ги наводнуваат нивите што ги обработуваат со вода од подземните резерви што со години ги преексплоатираат и со тоа го загрозуваат едно од најголемите мочуришта во Европа.

    „Со овој договор сакаме да го прекинеме притисокот врз националните богатства, кои се малку во светот“, рече таа.

    Андалузија неодамна објави план да му дозволи на паркот Доњана да припои околу 18.500 хектари со купување на земјиштето од приватен сопственик за 70 милиони евра. Доњана сега има 182.000 хектари на сливот на реката Гвадалкивир во Атлантскиот Океан на јужниот брег на Шпанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img