Шпанија ги губи медицинските сестри

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Речиси половина од медицинските сестри во Шпанија размислуваат да ги напуштат своите работни места поради екстремна истоштеност за време на пандемијата со ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на почетокот на јануари годинава.

Според анкетата, 85 отсто од медицинскиот персонал страда од психолошки и емоционални проблеми. Интервјуирани се 19.300 медицински сестри кои истакнале дека „состојбата е многу загрижувачка“ особено во одделенијата за интензивна нега, примарната здравствена заштита и брзата помош. Дури 46,5 проценти од испитаниците се изјасниле дека размислувале за промена на професијата поради пандемијата и нејзините „погубни“ ефекти врз нивното здравје.

Околу половина (48 отсто) биле заразени со ковид-19, а 14,5 проценти биле инфицирани неколкупати.

На една третина од оние кои работат во овие одделенија им е дијагностицирана депресија, шест од десет медицински сестри страдаат од несоница, нешто повеќе од две третини страдаат од тешки симптоми на анксиозност (67,5 отсто), 88 отсто се под од стрес, додека 58 од 100 имаат напади на страв.

Претседателот на Генералниот совет за медицински сестри, Флорентино Перез Раја истакна рече дека поради недостиг на персонал, дозволувањето на голем број медицински сестри да ја напуштат професијата е „неодговорно однесување“ од страна на менаџерите и раководството на болниците.

Тој ги повика да размислат за дополнителни стимулации, бидејќи 63 отсто од оние кои имаат можност за предвремено пензионирање планираат да си заминат, дури и со помала пензија, а останатите се подготвени да протестираат.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply