Шпанецот стравува дека Ѓоковиќ ќе му го „украде“ последниот рекорд

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Tennis - Davis Cup - Finals - Serbia v Britain - Palacio de deportes Martin Carpena, Malaga, Spain - November 23, 2023 Serbia's Novak Djokovic reacts during his match in the quarter final against Britain's Cameron Norrie REUTERS/Jon Nazca

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој речиси една година е надвор од тенисот, изминативе години остана без сите поважни рекорди кои ги држеше, кои во меѓувреме му го одзеде Новак Ѓоковиќ, па во моментов е најдобар само во делот со најмногу недели поминати меѓу водечкиот двоец на АТП листата.

Популарниот Рафа сѐ уште го држи овој рекорд со 596 недели поминати како член на водечкото дуо, додека зад него е Новак Ѓоковиќ со 561 недели, трет е Роџер Федерер со 528 недели. Токму ова е главниот мотив што Надал и покрај здравствените проблеми наскоро ќе му се врати на тенисот, прво во Бризбејн, а потоа и на Австралија опен, каде што ќе почне неговиот обид да го подобри својот рекорд со 600 недели поминати меѓу првите двајца.

– Избегнав да давам какви било прогнози за моето враќање, бидејќи се работи за една година помината надвор од теренот и за операција на колкот. Мислам дека се подготвив добро и се надевам дека работите ќе почнат позитивно и дека повторно ќе имам можност да уживам на теренот – изјави Надал за неговото враќање.

Ѓоковиќ, пак, вчера ја започна својата 402 недела како број еден во што е неприкосновен. Србинот на врвот од АТП листата има минато 100 недели повеќе од сите други активни играчи, кои во одреден момент беа најдобри. Надал бил број еден 209 недели, Енди Мареј беше број еден во период од 41 недела, Карлос Алкараз 36, додека Данил Медведев беше на врвот 16 недели.

 

Share This Article