More

    Шпанецот се расплака на интонирањето на химната

    spot_img

    Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал се расплака пред почетокот на мечот со холандскиот тенеисер Ботик ван де Зандшулп. При интонирањето на шпанската химна можеше да се види дека Надал е емотивен. Фановите знаеја дека ова може да е неговиот последен меч во кариерата.

    Надал беше поразен од Ботик Ван де Зандшлуп со 2:0, во сетови 6:4, 6:4 во четвртфиналето на Дејвис купот.

    После поразот во мечот кој можеби му беше последен во кариерата, Надал изјави дека да е на местото на капитенот на шпанската Дејвис куп репрезентација, Давид Ферер, не би се ставил да игра на наредниот меч.

    – Се обидов, но не успеав. Капитенот ќе одлучи дали да играм. Да бев на негово место, немаше да го играм следниот натпревар. Денеска можеби беше мојот последен натпревар. Не вршам никаков притисок врз него. Тука сум да му помогнам на тимот, ако треба и од клупата – рече Надал.

    Надал ги загуби првиот, и потенцијално последниот меч во Дејвис купот, а сите други 29 меча во овие изминати 20 години ги реши во своја полза и на шпанската репрезентација ѝ носеше многу победи и радости.

    Наскоро на терен ќе излезе Карлос Алкараз и во случај да го совлада Талон Грикспор ќе се играат двојки. Според распоредот за шпанските двојки пријавени се Алкараз и Марсел Ганољерс, а Холандија ќе ја претставуваат Ботик Ван де Зандшлуп и Весли Колоф.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img