Фудбалерите на Рома се пласираа во финалето на Европската лига откако во полуфиналето го совладаа Баер Леверкузен.
Рома слави голем успех, а уште едно финале обезбеди Жозе Мурињо.
Португалскиот стручњак емотивно го чекаше крајот на натпреварот. Тој отиде да прослави со навивачите, кои најавуваат инвазија на Будимпешта.
Пред натпреварот Мурињо беше соочен со бројни критики за неговата работа.
Видеото од прославата можете да го погледнете на OVOM LINKU.
Рома е само шеста во Серија А и ќе продолжи да се бори за Европа до крајот на сезоната, а новиот успех уште еднаш ги замолкна сите критичари на славниот Португалец.
Рома во финалето на 31 мај ќе игра против Севиља.