Шолц во разговор со Нетанјаху побара „хуманитарни прекини на огнот“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот канцелар Олаф Шолц во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара „хуманитарни прекини на огнот“ за заштита на цивилното население во Појасот Газа, а претходно денеска рече дека решението со две држави е клучот за ставање крај на блискоисточната криза.

„Германскиот канцелар ја нагласи неопходноста од подобрување на хуманитарната состојба на жителите на Појасот Газа. Хуманитарните прекини на огнот можат да придонесат за значително подобрување на снабдувањето на населението“ – соопштија од кабинетот на Шолц.

По тој повод, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информираше Шолц за напорите на Израел да ги заштити цивилите во Појасот Газа, на што Хамас продолжува да се спротивставува. Двајцата државници се заложија за понатамошни напори за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Шолц уште еднаш ја изрази солидарноста на Германија со граѓаните на Израел и нагласи дека Германија „непоколебливо стои на страната на Израел“. Пред тоа, германскиот канцелар на настан во Нутетал во близина на Берлин изјави дека Германија стои на страната на Израел, но истовремено е и со САД, најголемиот донатор на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа.

-Не се државите од соседството, иако многу од нив се многу богати, тие што овозможуваат работа на болниците и училиштата во Појасот Газа, туку тоа сме ние –  рече Шолц.

Во исто време, тој ја критикуваше изградбата на еврејски населби во палестинската област на Западниот Брег.

– Не сакаме нови населби на Западниот брег или насилство од доселениците врз Палестинците – рече германскиот канцелар.

Трајно решение за блискоисточната криза лежи во решение со две држави, заклучи Шолц.

– Ние не го поддржуваме тоа што некои израелски политичари да не прифаќаат палестинска држава – рече Шолц.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article