Шолц му даде совет на Шредер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера побара од поранешниот канцелар Герхард Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руските државни компании, јави ДПА.

Шредер (77) важи за долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, што доведе до многу критики во Германија, особено откако Русија ја нападна Украина минатата недела.

Шредер е претседател на надзорниот одбор на руската државна енергетска компанија „Роснефт“ и има водечки позиции во контроверзните проекти на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои имаат за цел рускиот гас директно да го доставуваат до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Тој треба да ја преземе функцијата и во Надзорниот одбор на Гаспром, руска мултинационална енергетска корпорација во мнозинска државна сопственост.

– Мојот совет до Герхард Шредер е да поднесе оставка од тие функции,  изјави Шолц за телевизијата ЗДФ, пренесува германската новинска агенција ДПА. Шолц нагласи дека врските на Шредер со руски компании не се приватна работа, бидејќи тој е поранешен канцелар.

Шредер, кој беше канцелар на Германија од 1998 до 2005 година и член на социјалдемократите, исто како и сегашниот канцелар Шолц, долго време беше критикуван за неговите блиски врски со Русија.

Вчера, лидерите на германските социјалдемократи, Ларс Клингбеил и Саскија Ескен, соопштија дека напишале писмо во кое го повикуваат Шредер да поднесе оставка од своите позиции во руските државни компании.

Инаку, Шолц истакна дека Германија е подготвена да купува природен гас и од другите понудувачи, не само од руските компании.

Share This Article