Пиењето шолја кафе наутро за многумина е секојдневна рутина, но тоа би можело да стане речиси луксуз поради годишната инфлација, која постојано се зголемува од октомври минатата година, пишува европската статистичка агенција Еуростат.
Во август, цената на кафето во Европската унија беше во просек за 16,9 отсто повисока од претходната година, додека во август 2021 година беше во просек за 0,5 отсто повисока во споредба со истиот месец во 2020 година.
За оние кои пијат кафе со млеко и шеќер, овој утрински ритуал е уште поскап, бидејќи цените на овие производи уште повеќе се зголемија во текот на изминатата година.
Од август 2021 година до август 2022 година, свежото полномасно млеко поскапело во просек за 24,3 отсто, а нискомасното млеко во истиот период пораснало за 22,2 отсто.
Најмногу поскапе шеќерот, чија цена во август е во просек за 33,4 отсто повисока во однос на август 2021 година, додека поскапувањето во однос на претходната година изнесува 0,8 отсто.
Сите четири производи поскапеа во сите земји-членки на ЕУ, освен во Малта, каде само цената на млекото со малку маснотии не се промени.
Литванија и Естонија се меѓу првите пет земји каде што цената на три од четири производи најмногу се зголемила, а Унгарија, Литванија и Хрватска се меѓу земјите со најголем пораст на цените на млекото.
Најмногу поскапела цената на кафето во Финска, за 43,6 отсто, потоа Литванија (39,9 отсто), Шведска (36,7 отсто), Естонија (36,4 отсто) и Унгарија (34,3 отсто).
Највисока годишна инфлација на цената на шеќерот е забележана во Полска (109,2 отсто), потоа Естонија (81,2 отсто), Летонија (58,3 отсто), Бугарија (44,9 отсто) и Кипар (43,2 отсто).
Цената на полномасното млеко најмногу пораснала во Унгарија (51,7 отсто), Литванија (46,8 отсто), Хрватска (43,5 отсто), Чешка (43,3 отсто) и Латвија (40,1 отсто), додека млекото со ниска содржина на маснотии во Литванија (50,2 отсто), Хрватска (41,2 отсто), Естонија (38,9 отсто), Германија (30,6 отсто) и Унгарија (30,1 отсто).