More

    ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ИЛОН МАСК

    spot_img

    Американскиот милијардер Илон Маск изрази сериозна загриженост за финансиската иднина на САД, тврдејќи дека земјата се соочува со неизбежен банкрот.

    Според Маск, каматните плаќања за националниот долг сега го надминуваат годишниот буџет за одбрана, кој изнесува околу трилион долари.

    „Америка брзо оди кон банкрот“, изјави тој во подкастот „Ол-ин“, истакнувајќи дека оваа ситуација може да има сериозни последици за следните генерации.

    Маск истакна дека со победа на Доналд Трамп на претседателските избори, постои можност за реформи и дерегулација кои би ја намалиле административната тежина. Според него, „доколку се постигне значителна дерегулација, ќе може да се спречат некои од катастрофалните економски последици“.

    Каматните трошоци на САД, според најновите податоци на Министерството за финансии, се зголемиле до 3 милијарди долари дневно. Ова алармантно зголемување се должи на агресивната монетарна политика на Федералните резерви, кои ја зголемија каматната стапка со цел да ја намалат инфлацијата. Но, ваквиот пристап само го направи скапо сервисирањето на државниот долг.

    Маск предупреди дека идните генерации ќе мораат да ги плаќаат последиците од овој долг. „Ова нема да заврши добро“, истакна Маск, додавајќи дека сè повеќе ќе биде тешко за САД да ги балансира своите финансиски обврски, ако не се преземат конкретни мерки за справување со кризата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img