Шокантно и возбудливо откритие по 15 години работа направи вештачката интелигенција

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шокантно и возбудливо откритие по 15 години работа направи вештачката интелигенција. Во полето на читањето мисли е направен значителен напредок. За првпат, мислите на една личност можат да бидат читани директно преку класично МРИ-скенирање. Декодер опремен со вештачка интелигенција која е претходник на Чат ГПТ-1 потоа можел во текст да го претвори она што луѓето мислат, пишува Гардијан.

Работевме на ова 15 години…

Претходно, за да се читаат мисли беше потребен имплант кој хируршки се инсталираше кај луѓето. Сега, со обичен МРИ-скен вештачката интелигенција може да види што си замислуваат луѓето додека, истовремено, слушаат одредена приказна.

Ова би можело да биде клучно за враќање на говорот кај пациентите кои го изгубиле поради мозочен удар или оштетени моторни неврони.

Погодува за што моментално мислиш, но не целосно точно

Точноста со која декодерот го реконструира говорот од мислите на луѓето е висока, иако е описна, а не директна. Декодерот сепак, доцни 10 секунди за секоја мисла. Но, тоа е поради ограничувањата од самиот МРИ-скенер и начинот на кој ваквиот скенер работи.

Прочитаните мисли не се 100 отсто точни. Кога една од учесничките во експерментот мислела „сè уште ја немам возачката дозвола“, декодерот тоа го превел како „таа сè уште не ни почнала да вози“.

Во друг случај зборовите „Не знаев дали да врескам, да плачам или да бегам. Наместо тоа, реков: „Остави ме на мира!““ биле дешифрирани како „Почна да вреска и да плаче, а потоа таа само рече: „Ти реков да ме оставиш на мира“.

– Нашиот систем работи на ниво на идеи, семантика и значење. Ова е причината зошто она што го добиваме не се точните зборови, тоа е суштината – вели тој за јазичниот модел кој бил користен во декодерот, претходник на Чат ГПТ-1.

фото: pixabay.com

Греши родови и заменки, но тоа се ситници

Освен што 16 часа слушале подкасти и приказни, учесниците исто така биле замолени да гледаат четири кратки, тивки видеа, а декодерот можел да ја искористи нивната мозочна активност за прецизно да опише дел од содржината од видеата, се вели во трудот објавен во Нејчр.

– За неинвазивна метода, ова е вистински скок напред во споредба со она што е направено претходно, каде обично имавме поединечни зборови или кратки реченици – рече Хут.

- Advertisement -
Ad image

Од „пропустите“ на декодерот, тој често грешел родови и заменки откако бил употребен на разни лица, мажи и жени.  Но, она што е интересно е дека луѓето самите можеле да го прекинат отчитувањето, односно да го збунат, со тоа што ќе почнат да мислат на нешто друго.

А што ќе се случи ако декодерот го прикачиме на друг тип скенер?

Професорот Тим ​​Беренс, компјутерски невролог од Универзитетот во Оксфорд, кој не бил вклучен во работата, го опиша декодерот како „технички исклучително импресивен“ и рече дека ова отвора низа експериментални можности, вклучително и читање мисли од некој што сонува или истражува како нови идеи произлегуваат од позадинската активност на мозокот.

Тој вели дека откритието може да ги развие првите интерфејси меѓу мозокот и компјутерот.

- Advertisement -
Ad image

Засега декодерот работи само со МРИ-скенирања. Но, тимот сака да види што ќе се случи со декодерот ако мозокот на еден човек биде скениран и сликан со други постоечки методи, на пример, со фНИРС, таканеречена „функционална блиско-инфрацрвена спектроскопија“.

 

Share This Article