More

    Шокантната снимка од Џеј Ло како ја третира својата асистентка предизвика остри реакции во јавноста

    spot_img

    Едно видео, а многу негативни коментари. Видеото кое покажува што направила латино дивата Џенифер Лопез во текот на снимањето на еден филм предизвика лавина критики.

    „Невидено однесување“, гласи острата реакција. Што ги згрози луѓето толку многу?

    На видеото се гледа како Џеј Ло плука гума за џвакање во раката на својата асистентка, а истото било направено во текот на едно снимање во Њујорк. Се коментира дека дури и Џеј Ло да била среде снимање филмска сцена, можела „да побара крпа а од асистентката, да ја фрли во корпа за отпадоци, па дури и да ја плукне на земја“. Други го бранеле овој потег, тврдејќи дека тоа е вообичаена појава на филмските сетови, но за многумина било неприфатливо.

    „Толку непристојно и гадно однесување. Нема причина да се однесувате вака кон вашите вработени“, „Ова е гадно. Нема доволно пари на светот. Зарем не можела да ја плукне гумата за џвакање на друго место или нешто слично?, „Ова е толку неетички. Манири, Џеј Ло! Манири!“, „Грозно, таа не е нејзина слугинка“, „Колку повеќе слушам за Џеј Ло, толку станува полошо“, „Оваа жена отсекогаш била толку одвратна, ова не се нови докази“.

    Коментарите се мошне остри, но треба да се споменат и различните реакции кои истакнуваат дека од актерите на сетот се бара да џвакаат гума за џвакање за да го прочистат грлото или да го освежат здивот поради сцените со бакнување.

    „Очигледно не знаете колку често тоа се прави на снимање… не е само таа“, „Таа џвака гума за џвакање за да го одржи здивот свеж. Додека камерата е вклучена, таа не може да ја фрли во канта за отпадоци, па ѝ е потребна асистентка“, гласат коментарите. Истакнуваат и дека асистентката носела ракавици.

    Видеото е инаку снимено пред шест години, но сега повторно стана вирално на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img