More

    Шок-бомби за време на Рамазан и еврејската Пасха

    spot_img

    Хаос се случи утрово во познатата џамија Ал Акса на ридот во Ерусалим. Израелската полиција ги нападна верниците внатре, летаа шок-бомби, гумени куршуми и солзавец. Според Ал Џезира, полицијата пробала да ги изнесе верниците муслимани надвор од храмот, а да ги внесе Евреите. Се зборува дека некои еврејски верници сакале да заколат коза во џамијата за празникот Пасха кој започна во средата вечер, кога исто така имаше инцидент во џамијата. Но, празникот Пасха се поклопува со Рамазанскиот пост, кој трае овој месец.

    Израелската полиција на социјалните мрежи објави дека повеќе од 350 „ вандали “ и „ млади кои го прекршуваат законот и маскирани “ лансирале огномети и гаѓале со камења и други предмети врз полицајците.

     

     

    „По многу и долги обиди да ги извлечат без да разговараат, полициските сили беа принудени да влезат во комплексот за да ги извлечат“, објавија израелските власти на Твитер.

    Во соопштението се додава дека двајца полицајци се здобиле со повреди, тврдејќи дека „бунтовниците“ нанеле штета на џамијата и „ја осквернавиле”.

    Сите уапсени се приведени на сослушување, соопштија израелските власти.

     

     

    Палестинската администрација го осуди упадот на џамијата од страна на израелските безбедносни сили како злосторство што „ ги надминува сите црвени линии и ќе доведе до голема експлозија”.

    Јордан, Египет и Саудиска Арабија, исто така, силно ја критикуваа употребата на сила на Израел на светото место, тврдејќи дека тоа ги поткопува мировните напори во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img