Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош што се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.
Пакувањето и транспортот на хуманитарната помош, информираа од МО, се реализирани во соработка со Македонско-Турската стопанска комора.
Пратката ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Туркије, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.
Помошта, информираа од МО, е реализирана согласно Владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Туркије.