Независната пратеничка во македонското Собрание Санела Шкријељ ги повика пратениците да го прифатат францускиот предлог, бидејќи, како што самата таа рече, биле разобличени во лагите.
– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера од оваа позиција ги разобличи вашите лаги. Јас сум Бошњачка, но за мајчин јазик го сметам и македонскиот – истакна пратеничката, чие излагање беше проследено со звукот на вувузелите, сирените и негодувањата на опозициските пратеници.
За реплика на нејзиното излагање се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов, кој ја праша Шкирјељ како би се чувствувала доколку некој ѝ го оспорува мајчиниот јазик.
– Дали ти Санела би прифатила бошњачкиот јазик да е дијалект на српскиот? Сакате да изгласате предлог со кој Македонија ќе добие трајна блокада на европскиот пат. ВМРО-ДПМНЕ нема да ви ја дозволи промената на Уставот – истакна Трајанов.