Шилегов демантира дека го избришал името на улицата во Чаир

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов ѝ одговори на Данела Арсовска дека името на улицата Втора Македонска бригада во скопската населба Чаир никогаш не било избришано. Шилегов објави на социјалните мрежи дека Втората Македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја, историјата на НОБ и партизанското движење и така и ќе остане.

„Популистичките изјави од било која (чија) страна, се резултат на тотална неинформираност (или свесна манипулација) со јавноста. Ја нема таа сила која што мене би ме натерала да се откажам од светата борба за национална слобода на македонскиот народ. Поранешната ул. Ловќенска 9, се вика улица Втора Македонска бригада. Но, како што веќе беше кажано од моја страна, национализмот (чиј и да е) е прибежиште на неспособните“, нагласува Шилегов во објавата.

Градоначалничката Арсовска денеска достави иницијатива до Советот на Град Скопје да се врати името на улицата Втора македонска бригада, која сега се вика Адем Демачи велејќи дека така ќе се исправи неправдата кон повеќе од 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија.

Share This Article