Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени во автобуска несреќа што се случи во Киркларели во западна Турција.
Како што јавува Anadolu Agency, патничкиот автобус Нилуфер туризам рано утринава се превртел и слетал во провалија на излезот од Киркларели.
На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на таа турска провинција Бирол Екичи изјави дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене кон Бодрум кој се урна во областа Лулебургаз.
Гувернерот рече дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.