Менопаузата е периодот во животот на жената кој го означува крајот на менструалните циклуси, а со тоа и на нејзините репродуктивни способности. Клиниката Мајо наведува дека менопаузата официјално се дијагностицира кога жената немала менструација најмалку една година. Во повеќето случаи, тоа се јавува кај жени во 40-тите или 50-тите години.
Иако отсуството на менструација е најчестиот, а истовремено и најсигурниот знак дека жената се приближува до менопауза, гинеколозите нагласуваат дека постојат некои други, помалку познати симптоми кои може да укажуваат на тоа. Некои од нив знаат да бидат многу необични, поради што многу малку жени ги поврзуваат со оваа состојба.
Овие се следните:
губење на вкус и мирис
луцидни соништа или кошмари
чувство на сувост во устата
налети на студ
вртоглавица
кршливи нокти
Секој од овие симптоми, објаснуваат експертите, е поврзан со хормоналните промени кои настануваат кога жената се приближува до менопауза. Исто така, огромното мнозинство жени најчесто ги поврзуваат овие знаци со некои други состојби, што дополнително може да ги збуни.