More

    Шест опозициски партии во Јужна Кореја денеска поднесоа предлог-закон за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол, откако тој се обиде да воведе вонредна состојба во земјата

    spot_img

    Шест опозициски партии во Јужна Кореја денеска поднесоа предлог-закон за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол, откако тој се обиде да воведе вонредна состојба во земјата.

    Јужнокорејскиот претседател Јун прогласи вонредна состојба во телевизиско обраќање доцна синоќа, обвинувајќи ги „антидржавните сили“ дека ја попречуваат неговата влада и ја поддржуваат Северна Кореја.

    Шест часа подоцна, тој ја укина вонредната состојба откако парламентот гласаше против.

    Би-Би-Си наведува дека гласањето за смената на Јун треба да се одржи во следните 72 часа, а претседателот на парламентот Ву Вон-Сик би можел да свика седница на која ќе се разговара за импичмент за два дена.

    За да се усвои предлогот потребно е двотретинско мнозинство во парламентот кој има 300 пратеници, што значи дека за смената треба да гласаат најмалку 200.

    Против усвојувањето на одлуката за воведување вонредна состојба, вчера гласаа 190 пратеници кои успеаја да влезат во собраниската зграда која привремено беше под контрола на армијата.

    Претседателот на Јужна Кореја се соочува со противење и во неговата партија и сè поголеми повици да поднесе оставка по укинувањето на уредбата за вонредна состојба, додека опозицијата во земјата соопшти дека планира да поднесе обвиненија за предавство против Јун и министрите за одбрана и внатрешни работи.

    Барањата на демонстрантите и на целиот политички спектар Јун да се повлече се интензивираа по неговиот драматичен, но краткотраен декрет, кој ја втурна земјата во хаос.

    FOTO:-EPA-EFE-YONHAP

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img